Custom веб апликација
Веб-апликација по мерка за процесите што не се вклопуваат во готов софтвер.

Системи
Алатка приспособена на вашиот начин на работа
Почнуваме со преглед на процесот: кој внесува податоци, кој ги проверува и што треба да се случи потоа. Од тоа ги дефинираме екраните и функциите што ви се потребни.
Развојот го делиме на јасни целини за да можете навреме да ја прегледате работната верзија. Дополнителни модули и поврзувања се планираат според приоритетите и договорениот буџет.
Договорен обем
Што е вклучено
Конкретните функции и начинот на испорака ги утврдуваме во понудата.
- Анализа на работниот процес
- Структура и дизајн на екраните
- Развој на договорените функции
- Кориснички улоги и пристап
- Администрација на податоците
- Подготовка за понатамошни надградби
За кого е наменето
За фирми со специфични работни налози, интерни процеси или потреба од сопствена деловна алатка.
Цена и следни чекори
Ориентациона цена
Износите се насока за планирање. Конечната цена и рокот ги договараме по преглед на потребите и обемот.
Следен чекор
Кажете ни што сакате да подобрите
Испратете краток опис на проектот, линк до постојното решение ако го имате и што ви е најважно. Ќе ги разгледаме потребите и ќе предложиме следни чекори.
