Веб01 / 20

Изработка на пословен сајт

Сајт што ја носи вашата фирма на ниво на бренд — архитектура на страници, визуелен јазик и брзина што градат доверба уште пред првиот разговор.

За услугата

Како изгледа кога е направено правилно

Пословниот сајт е првата просторија во која клиентот ве среќава. Не го третираме како шаблон со пет исти блокови, туку како дигитален простор на вашата фирма: што работите, за кого, зошто сте различен и како да ве контактираат без триење.

Дизајнот, структурата и содржината се градат заедно. Резултатот е брз, респонзивен и SEO-спремен сајт што изгледа премиум на телефон и на голем екран — и останува ваш.

За фирми што сакаат сериозно онлајн присуство, а не „само да имаме сајт“.

Почетната страница води кон една одлука: прашање, повик или понуда.
Обем

Што е вклучено

Добивате дигитална визитка што изгледа како студио-продукција и работи како продажен канал.

  • До 5 страници со јасна информациска архитектура
  • Премиум респонзивен дизајн прилагоден на брендот
  • Основна SEO подготовка и брзо вчитување
  • Контакт форма и јасни повици за акција
  • Мобилен приказ оптимизиран за конверзија
  • 30 дена поддршка по лансирање
Галерија

Визуелен јазик на услугата

Сликите не се украс. Го покажуваат чувството што го бараме: ред, материјал, светлина и контрола.

Сајтот како архитектура — простор, светлина и типографија што зборуваат за брендот.
Почетната страница води кон една одлука: прашање, повик или понуда.
Структура подготвена да расте — нови страници, јазици и кампањи без хаос.
Инвестиција

Ориентациона цена

Цената е опсег според обемот. По краток разговор добивате фиксна понуда и рок — без скриени ставки на крајот.

Изработка на пословен сајт

400–750 €

еднократна изработка

Побарајте точна понуда